Промени тема
Контакт

Пиунот Ковачевски ја поскапи струјата и парното и предизвика инфлација, обвинува опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
4E16E350-AD9A-439B-830B-AC8F6B74BD84

„Пиунот на Заев Ковачевски ја поскапи струјата и парното и предизвика инфлација. Прва мерка на пиунот на Заев Ковачевски е покачената цена на струјата и парното за 15%. Граѓаните од овој месец ќе плаќаат по 500 до 800 денари повеќе за струја и парно засебно. Тоа се 1000 до 1600 денари зголемен трошок само за овие две работи по домаќинство. Инфлацијата веќе неколку месеци го јаде буџетот на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес конференцијата на Богданка Кузеска.

— реклама —
— реклама —

„Според пишувањето на медиумите цените на храната поскапеле и до 30%. Тоа значи дека тоа што можело да се купи за 20.000 денари минатата година, сега не може ниту со 25.000 денари. Стандардот на народот секојдневно опаѓа и затоа виновен е Ковачевски кој цел изминат период беше заменик министер за финансии. Ковачевски не може да ја подобри економската слика, со него ќе биде само полошо“, додаваат тие.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања