„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„Платија“, „Драги спомна за распределба?“, „Перо треба да направи пресметка“, пораки разоткриваа како Рашковски си го купил сопствениот софтвер со државни пари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
collage-1

Обвинителката Ивана Трајчева на рочиштето за предметот „Софтвери“ каде првообвинет е Драги Рашковски презентираше разговори помеѓу Даниел Станчев, кој е сопственик на фирмата „Инвока груп“ која го добила спорниот тендер, и Ивица Димитровски, кој е професор на ФИНКИ и поранешен хонорарец во Влада.

— реклама —

Според истите, откако до добиле тендерот, си честитале.

„Ова интересно било, аукции и чуда“, вели едниот, а другиот одговара: „Да уште да има некој да збори кога се наддава, како во филмовите во живо, поинтересно ќе биде“, па следува порака: „Да“.

— реклама —

На 13 јули 2020 година, се разговара и за плаќањето.

На пораката „Здраво Даниел како си? Да не платија случајно?“, на што се одговора: „Да, префрлија“. Следната порака е: „Да супер. Драги ти спомна нешто за распределба“. И по ова, следува порака во која се зборува за Перо кој требало да направи пресметка. Инаку, на претходните рочишта обвинителката кажа дека Рашковски бил заведен во телефонскиот именик како „Перо 078“

„Здраво Даниел. Еве ја фактурата од ФИНКИ. Останатите ако може преку фирма. 15 илјади евра е фактурата“. По ова следува порака: „Океј. Треба Перо да направи пресметка. Тој направи на 70 к, а не е тој износ. Конверзија во ЕУР. Сега ќе ја платиме на ФИНКИ“.

Според обвинението, првообвинетиот не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „перење пари и други приноси од казниво дело”.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања