Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

По 11 години застој: Охрид конечно ќе добие затворен базен, обезбедени 470 милиони денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Спорт
media-librarykck45l4qm2u0aamkhV7
фото: unsplash

По речиси 11 години застој, затворениот базен во Охрид конечно ќе биде завршен и ставен во функција, информира министерот за спорт Борко Ристовски.

Тој објави дека Владата на денешната седница ја усвоила точката со која се овозможува продолжување и конечно завршување на изградбата на затворениот базен во Охрид. За целосно завршување на објектот обезбедени се 470 милиони денари.

— реклама —

Ристовски истакнува дека проектот претставува инвестиција во младите, спортистите и развојот на пливањето, како и во иднината на спортот во Охрид и во државата.

Со завршувањето на базенот, спортистите ќе добијат современи услови за тренинг, младите категории простор за развој, а Охрид ќе создаде услови за организирање натпревари и понатамошен развој на спортот.

— реклама —

„Не сакаме капитални спортски објекти да стојат со години и да чекаат. Сакам да ги гледаме завршени и ставени во функција“, наведува Ристовски.

— реклама —

Министерот изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и Владата за поддршката и определбата за инвестирање во спортот и спортската инфраструктура.

„Охрид заслужува затворен базен. Охрид ќе го добие“, порача Ристовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryemtklf1c956f5CU3RRr

Одблокирана сметката на НПФ, најавени подобри услови за македонските пливачи

Спорт | пред 3 часа

— реклама —
media-librarypolqs0g2cfvs9idHH0K

Марко Џорлев е светски шампион во карате за кадети, Ристовски: Гордост за цела Македонија

Спорт | пред 4 дена

media-library4t5o9g6fc1gu18g73vS

Почна реконструкцијата на спортската сала на УКИМ

Македонија | пред 7 месеци

media-libraryie4426a3k66m6Ld3hry

Ристовски: Субвенциите донесоа поправедна распределба, спортските пари ќе зависат исклучиво од резултати

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања