Со отплатување на дел од заостанатите долгови и вонсудско спогодување за отпис на каматните обврски, по 13 години е одблокирана буџетската сметка на Општина Зрновци.
„Донесовме мудри одлуки, превземавме храбри чекори, Општина Зрновци после 13 години е Општина со деблокирана сметка.
Изминатиот период постигнавме вон судски договори со дел од доверителите, исплативме средства по основ на долгови, се обврзуваме на динамичен план за исплата на останати побарувања со цел да заштитиме значителни финансиски средства од Буџетот на Општина Зрновци по основ на камати.
Благодарност и пофалба за професионалноста и посветеноста на вработената стручна служба во Локалната самоуправа на Општина Зрновци и конструктивноста и одлучноста на сите советници во Советот на Општина Зрновци!
Продолжуваме посветено и одговорно за Економско јакнење на Општина Зрновци, за доброто на сите граѓани на Општина Зрновци“, вели градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.