Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

По 15 години повторно во функција базенот во Полициската академија во Идризово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Скопје
media-library824g8rksm0nidCElnuJ

По повеќе од 15 години надвор од употреба, базенот во Полициската академија во Идризово е целосно реновиран и повторно ставен во функција. За обновувањето биле вложени околу 5,7 милиони денари, а работите биле завршени за неполни три месеци.

— реклама —

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот, каде што веќе се проверувале пливачките способности на кандидатите за прием во Специјалната антитерористичка единица „Тигар“.

— реклама —

Обновениот базен ќе се користи за обука на идните полицајци, специјализирани тренинзи на полициските единици, спасувачки вежби и одржување на физичката подготвеност на полициските службеници.

„Објект што повеќе од 15 години стоел запуштен, го вративме во функција за неполни три месеци. Со инвестиција од околу 5,7 милиони денари обезбедивме услови овој базен повторно да им служи на полициските службеници“, изјави Тошковски.

— реклама —

Базенот има и посебно место во македонската филмска историја. Во 1977 година во него биле снимани сцени од култниот филм „Исправи се, Делфина“, инспириран од спортскиот подвиг на Атина Бојаџи.

— реклама —

Тошковски најави дека продолжуваат инвестициите во модернизацијата на полицијата, подобрувањето на условите за обука и опремувањето на полициските службеници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања