По 15 години повторно во функција базенот во Полициската академија во Идризово
По повеќе од 15 години надвор од употреба, базенот во Полициската академија во Идризово е целосно реновиран и повторно ставен во функција. За обновувањето биле вложени околу 5,7 милиони денари, а работите биле завршени за неполни три месеци.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот, каде што веќе се проверувале пливачките способности на кандидатите за прием во Специјалната антитерористичка единица „Тигар“.Обновениот базен ќе се користи за обука на идните полицајци
Скопје | пред 2 часа