Промени тема
Контакт

Отворен јавен повик: МВР запишува 200 ученици во Средното полициско училиште „7-ми Мај“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryipcp0ietqvdf2sAM0vT

Министерството за внатрешни работи објави јавен повик за прием на 200 редовни ученици во Средното полициско училиште „7-ми Мај“, кое функционира во рамки на Полициската академија.

Право на пријавување имаат ученици кои ја завршиле втората година од средното образование, се државјани на Македонија, немаат наполнето 18 години на денот на објавувањето на повикот, активно го користат македонскиот јазик и се здравствено и психофизички способни.

Покрај општите услови, кандидатите треба да имаат најмалку добар општ успех во прва и втора година средно образование, да немаат изречени педагошки мерки, да ги поминат проверките на моторичките способности, да положат општообразовен тест и успешно да поминат интервју.

— реклама —

Пријавувањето се врши во рок од 15 дена од објавувањето на јавниот повик, во определените сектори за внатрешни работи и полициски станици низ државата.

Селекцијата ќе се спроведува во три фази – проверка на физичката подготвеност, писмен тест со 40 прашања и интервју. По завршувањето на постапката ќе биде изготвена конечна ранг-листа на примени ученици.

За запишаните ученици, МВР ќе обезбеди сместување во ученичкиот дом во рамки на Полициската академија, исхрана и работна облека.

— реклама —

По успешно завршување на четиригодишното образование и положување на завршниот испит, Министерството за внатрешни работи ќе заснова работен однос со дипломираните ученици на работното место полицаец, без распишување јавен оглас, согласно законските прописи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryllp13rsfmgn10qffoy5

По 30 години нова генерација идни полицајци: Почна наставата во Средното полициско училиште „7 Мај“

Македонија | пред 5 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања