Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

По 16 години власт на Орбан, голем пресврт во Унгарија: Одобрена Парадата на гордоста во Будимпешта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
prajd

Унгарската полиција одобри одржување на Парадата на гордоста во Будимпешта следниот месец, што претставува голем пресврт во однос на минатата година, кога властите, по налог на тогашната десничарска влада на Виктор Орбан, се обидоа да го забранат настанот.

Политичката промена следува откако во април беше сменета националистичката влада на Орбан, која владееше 16 години, пишува „Гардијан“.

— реклама —

Минатогодишната Парада на гордоста привлече големо меѓународно внимание откако партијата Фидес на Орбан усвои закон, прв од ваков вид во поновата историја на Европската Унија, со кој беше создадена правна основа за забрана на настанот под образложение за „заштита на децата“.

— реклама —

Новиот унгарски премиер Петер Маѓар, кој минатиот месец убедливо победи на изборите, повеќепати изрази поддршка за еднаквоста и слободата на собирање, но досега не најави укинување на спорниот закон.

Организаторите на Будимпештанскиот Прајд оваа недела ја известиле полицијата дека на 27 јуни планираат да ја одржат 31-та Парада на гордоста. Тие изразиле уверување дека настанот ќе се одржи, особено по пресудата на највисокиот суд на ЕУ дека анти-ЛГБТ законот на Орбан од 2021 година е дискриминаторски и спротивен на европските правила.

— реклама —

Полицијата потврди дека дала зелено светло за одржување на парадата и соопшти дека не постојат причини за нејзина забрана. Воедно биле одобрени и три контрапротести, но со ограничувања и на оддалеченост од главниот настан.

— реклама —

И покрај забраната, минатогодишната Парада на гордоста, според организаторите, собрала рекордни 200.000 луѓе и станала симбол на отпорот против политиките на Орбан.

Важна улога во организацијата минатата година имал и градоначалникот на Будимпешта Гергели Карачоњ, кој го преименувал настанот во општински културен фестивал за да ја заобиколи забраната.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg1o911nd5kem2wJr2ri

Унгарија ги менува правилата за абортус

Свет | пред 23 часа

— реклама —
media-library4tnm9iaectbgb2sYMha

Унгарија трипати крена борбени авиони по дојави за бомби во патнички летови

Свет | пред 6 дена

lgbti

Голема промена во Унгарија: Парламентот ги укина спорните ограничувања за ЛГБТ+ содржините

Свет | пред 4 седмици

media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Маѓар смета дека децата подобро е да растат со истополови родители отколку во домови

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања