По 25-тата година кожата почнува постепено да се менува, па затоа е важно негата да се приспособи на новите потреби. Начинот на кој се грижите за лицето во овој период може значително да влијае врз неговиот изглед во следните години.
Експертите советуваат да се воспостави рутина што вклучува темелно чистење, добра хидратација и заштита од надворешните влијанија, со цел да се забави појавата на првите знаци на стареење.
Една од препораките е два до три пати неделно да се користи маска за лице, а во текот на летото и серум со хијалуронска киселина, кој обезбедува дополнителна хидратација и ѝ дава свеж изглед на кожата.
Подеднакво важна е и секојдневната заштита од сонце. Без разлика дали одите на работа или престојувате на плажа, кремата со заштитен фактор (SPF) треба да стане дел од секојдневната рутина.
Хидратацијата останува еден од најважните чекори во негата на лицето. Користењето квалитетни хидратантни креми со состојки како глицерин и минерални масла помага кожата да остане мека и еластична.
За чистење на лицето се препорачуваат нежни производи што не ја иритираат кожата и не ја нарушуваат нејзината природна заштитна бариера.
Покрај тоа, масажата на лицето може да придонесе за подобра циркулација и посвеж изглед. Таа може да се прави дома, со раце или со специјални козметички уреди, користејќи масло или серум за лице.