„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

По 500 евра за секоја доза од лекот, толку давале мито! Продолжи судењето за „Онкологија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryvguvavm0h61idIMe95y
Скопје1.мк

Во Кривичниот суд денеска продолжи постапката против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството.

— реклама —

Пред Судот сведочеа повеќе оштетени лица и законски застапници на починати пациенти, кои говореа за начинот на лекување и конкретната терапија што се давала на Клиниката за онкологија.

Во одговор на прашање на јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска за проблеми со обезбедување терапија, еден од сведоците изјави дека имале потешкотии: најпрво оделе во Турција, но трошоците биле високи, по што се обратиле на Клиниката, каде, како што рече, морале да дадат мито од 500 евра за секоја доза. Лекот, според истиот исказ, се земал од фрижидер во канцеларијата на Васев и му се предавал на медицинска сестра за апликација. Сведокот додаде: „Немам документи, немам докази зошто не мислев дека ќе ми требаат. Ги исфрлив, но верувам ги има во досиејата“, и појасни дека наводно парите не биле давани пред медицинската сестра: влегувале во кабинетот на докторот, „се почастувале за кафе како што бил договорот“, по што лекот бил предаван на сестрата. На прашање од одбраната дали случајот бил пријавен, сведокот одговори дека не знаел/а каде да пријави.

— реклама —

Уште една од сведоците раскажа за лекувањето на својата мајка кај онкологот Симонида Црвенкова: не наведе дека ѝ биле барани средства, но рече дека давалa пари „со срце и душа“ бидејќи спасот го гледала во докторката, додаде дека немала намера да пререкува што дала, но била изреволтирана од тоа што подоцна дознала.

На ова реагираше обвинетата Симонида Црвенкова, истакнувајќи дека никогаш не побарала ниту примила средства за својата работа:

„Целиот мој живот сум го посветила на себеобразување и доброто на пациентите и никогаш во животот ниту сум побарала, ниту сум добила, средства. Тоа е многу тешко обвинение за мене. Мене ми е многу жал, јас работам 30 години со оваа болест и јас знам што значи,“ изјави Црвенкова.

Предметот е во доказна постапка и го води судијката Снежана Марковска. Освен Васев, обвинети се и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје. Постапката првично беше поведена и против онкологот Мери Пешевска, која призна вина пред Судот и беше осудена на две години условна казна затвор.

Според обвинението, лекарите се товарат за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба. Дополнително, против Никола Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со настанета штета над 2,2 милијарди денари на државниот буџет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrds34q4h122vbQ63xKW

Градоначалникот на Љубљана под сериозни обвиненија за мито и злоупотреби

Свет | пред 1 месец

media-librarynrr78uj11n3e5s1L3vA

Пет лица уапсени – директорот на Агенцијата за финансиска го фатиле на лице место како зема мито од 400 евра, а требало да добие вкупно 50.000 евра

Македонија | пред 1 месец

media-library9tsp3mpe1j9606i0iyX

Бугарски полицајци со Google Translate изнудиле мито од возачите на камионите за турнејата на Роби Вилијамс

Свет | пред 2 месеци

grujo-1

„Јадни Грујо за 20 ЕУ мито се срамел и се криел у гепек на граница“, реакции по скандалот на Блаце

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања