Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

(Фото) По децении запуштеност, почна чистење на Железничката станица во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Скопје
media-library4nvv8evjrvsb7IO3MTI

Директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, објави видео и фотографии од акцијата за чистење и уредување на Железничката станица во Скопје, оценувајќи дека објектот со години бил оставен во запуштена состојба.

„Железничката станица во Скопје треба да претставува гордост на главниот град“, напиша Ивановски на својот фејсбук профил.

— реклама —

Според него, децениската негрижа довела станицата да стане „тотално нерепрезентативен објект“, преполн со билборди, графити, стари постери и несоодветни содржини.

— реклама —
media-libraryl43kj30os98v9cbSkqO

Во рамки на акцијата, како што информира, веќе се отстранети сите билборди и светлосни реклами, освен една реклама на „Хамза Донер“, за која рече дека доколку не биде отстранета во рок од седум дена, договорот за закуп ќе биде раскинат.

— реклама —

„Се отстранија и сите информативни постери кои со години се напластени, а продолжуваме со генералната хигиена“, наведе Ивановски.

Тој најави и подолгорочен процес за целосно обновување на објектот.

media-librarydhs0nvj0fibl7YtEmw0

„Во моментов заедно со Архитектонскиот факултет работиме кон проектирање на целосна реконструкција на железничката станица, а со ИЗИИС ја проверуваме конструкцијата на самата станица“, објави директорот на ЈП Железници Инфраструктура.

Според него, враќањето на нормалниот изглед на Железничката станица нема да биде лесен процес, но порача дека „треба да се почне денес“.

media-librarynmkon42u14ouamqxtN8

Во објавата тој упати благодарност и до полициската станица на МВР која се наоѓа во склоп на објектот, за, како што наведе, секојдневната соработка и помош.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања