Билетите за концертот на Јаков Јозиновиќ во Белградска арена беа пуштени во продажба вчера напладне, а публиката ги разграбала со неверојатна брзина.
Најголемиот самостоен концерт на младиот пејач во Србија бил распродаден за само неколку часа.
По дури десет последователни концерти во Сава центар, со кои ја одбележа пролетната сезона и собра обожаватели од целиот регион, Јозиновиќ најави нов спектакл закажан за 24 октомври.
Станува збор за концерт во формат „Арена 360 степени“, со централна сцена и отворени сите трибини.
Веста за големиот концерт пејачот ја сподели со публиката за време на последната вечер во Сава центар, а емотивната најава предизвика воодушевување кај присутните.
Бидејќи голем број луѓе не успеале да обезбедат билети, на социјалните мрежи веќе се шпекулира дека наскоро би можел да биде закажан и втор концертен термин во Белградска арена.