Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

По договорот меѓу САД и Иран, нафтата поевтини, а сообраќајот низ Ормутскиот теснец се нормализира

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
SeKXr-

Цените на нафтата се спуштија на нивоа какви што не биле забележани од почетокот на воениот конфликт со Иран, додека поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец постепено се нормализира.

Глобалната референтна цена на суровата нафта „Брент“ накратко падна под 72,5 долари за барел, достигнувајќи ниво слично на она пред почетокот на американско-израелските напади врз Иран на 28 февруари. Подоцна, цената се стабилизираше на околу 72,6 долари за барел.

— реклама —

Пазарите на енергенси забележаа значителен пад откако САД и Иран на 17 јуни потпишаа меморандум за разбирање, со кој беше утврден рок од 60 дена за преговори околу иранската нуклеарна програма и прекин на конфликтот.

Во меѓувреме, претставници на двете земји одржаа разговори во Швајцарија, по што следуваше делумно олеснување на американските санкции за извозот на иранска нафта.

— реклама —

Според податоците на компанијата за поморски анализи Kpler, значително е зголемен бројот на бродови што повторно го користат Ормутскиот теснец. Низ оваа стратешка поморска рута во последните денови минувале танкери со сурова нафта, течен природен гас, ѓубрива и друга стока.

САД и Иран воспоставиле и директен комуникациски канал со цел да се избегнат недоразбирања и да се гарантира безбедно движење на трговските бродови низ теснецот.

— реклама —

И покрај подобрувањето, поморскиот сообраќај сè уште не е вратен на нивото пред конфликтот. Пред почетокот на војната, низ Ормутскиот теснец дневно поминувале повеќе од 100 бродови, додека сега тој број останува понизок, а стотици пловила и натаму чекаат во Персискиот Залив.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп нареди истрага против големите енергетски компании, обвинувајќи ги дека не ги намалуваат цените на горивата и покрај падот на цените на суровата нафта.

Трамп ги посочи компаниите Shell и ExxonMobil, оценувајќи дека потрошувачите не го чувствуваат намалувањето на цените на светските пазари. Од нафтената индустрија, пак, велат дека цените на бензините не се движат директно и веднаш во согласност со цените на суровата нафта.

И во Велика Британија енергетските компании се соочија со слични обвинувања, но тамошниот регулатор соопшти дека не постојат докази за масовно неоправдано зголемување на цените на горивата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Војната со Иран и високите цени му создаваат проблеми на Трамп – 78 отсто од Американците ја обвинуваат неговата политика

Свет | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryp8gvnvknpje55ZeD7Sc

„Се инфилтрирале во умовите на студентите“ – американскиот министер со обвинувања кон Кина

Свет | пред 15 часа

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп го критикува укинувањето на коњските кочии во Централ парк

Свет | пред 1 ден

media-librarycjqr0d1rgi30dhW21rY

Полицаец пронашол мртов човек, му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа - морбиден случај во Флорида

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања