Шесте ново осомничени полицајци во предметот за работата на дискотеката „Пулс“ останаа без пасоши, но ќе се бранат од слобода. Ова е одлуката на судот, по предлогот на Обвинителството. Истовремено, според информации на „Скопје1“, побарано е да се укине мерката ефективен притвор за првите шест полицајци, откако за нив се прибрани доказите и не можат да влијаат на тој дел од постапката. И натаму, се трага по уште еден полицаец кој е недостапен за органите на прогонот.
„Прифатен предлогот на ОЈО ГОКК за опредлување мерки за претпазливост против шест лица - полициски службеници, кои попладнево беа спроведени и се произнесоа во судот во однос на предлогот на јавниот обвинител. Мерките се - одземање патна испара, забрана за напуштање живеалиште, јавување во суд, забрана за контакти со останати обвинети/осомничени и забрана за преземање одредени работни активности“, велат од Кривичен суд.
ПРЕТХОДНО:
Кривична пријава за тешки дела против општата сигурност за 10 полициски службеници, шест се лишени од слобода, по еден се трага, тројца веќе се во притвор
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 став 2 од Кривичниот законик во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288
Македонија | пред 1 година