Социјалната мрежа Инстаграм престана да работи откако корисници претходно пријавија проблеми со Фејсбук.
На почетната страница на апликацијата Инстаграм, кај дел од корисниците се појавува порака „Welcome to Instagram“, додека остатокот од содржината на профилите и почетната страница не се прикажува.
Проблемите следуваат откако од утрово не функционира ниту Фејсбук. Пријавите за прекин на работата на платформата започнале нешто по 9 часот.
Корисниците на Фејсбук добиваат известување дека нивниот профил моментално е недостапен поради проблем со страницата и дека се очекува тој наскоро да биде решен.
Нов прекин на Фејсбук: корисниците добиваат порака дека профилот е привремено недостапен
Социјалната мрежа Фејсбук повторно има технички проблеми. Голем број корисници ширум светот во моментов не можат да пристапат до десктоп-верзијата на платформата, а дел од нив имаат проблеми и со мобилната апликација.При обид да се најават на својот профил, на корисниците им се појавува пораката:„Профилот е привремено недостапен. Вашиот профил моментално не е достапен поради проблем со страницата. Очекуваме проблемот наскоро да биде решен. Обидете се повторно за неколку минути.“Според веб-страни
Магазин | пред 21 час