Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Претплата на Инстаграм: што добивате за вашите пари?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Магазин
insta

Компанијата Meta официјално ја лансираше претплатата Инстаграм плус на глобално ниво, при што за првпат одредени корисни функции повеќе не се достапни за сите корисници.

Претплатата чини 3,99 долари месечно, а глобалното воведување започна на 4 јуни.

Најголемиот дел од новите функции се фокусирани на Стори-објавите. Една од главните новини е Стори Спотлајт, опција која ги поставува вашите приказни на врвот на листата кај пријателите и следбениците за да бидат повидливи.

— реклама —

Постои и Стори Екстенд, која го продолжува траењето на Стори-содржините од стандардни 24 на 48 часа. Претплатниците добиваат и можност за креирање повеќе различни листи на публика, наместо досегашната опција Close Friends.

Инстаграм плус овозможува и пристап до подетална статистика, вклучувајќи податоци за повторни прегледи на стори-објави, пребарување на лица што го гледале, како и објавување содржина директно на профил без да се појавува во feed-от на другите корисници.

— реклама —

Дополнително, претплатниците можат да користат ексклузивни икони на апликацијата, специјални фонтови за биографија на профилот и да закачат до шест објави на врвот на профилот.

— реклама —

Една работа сепак веднаш привлекува внимание: Инстаграм плус не ги отстранува рекламите. Без разлика дали плаќате претплата или не, тие остануваат дел од искуството при користење на апликацијата.

Многумина сметаат дека токму отстранувањето на рекламите би било најсилниот аргумент за плаќање претплата, слично како кај Јутјуб премиум. Мета во минатото експериментирала со верзии без реклами, па не се исклучува таква опција да се појави во иднина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarychtg0i9tqrrf3f1LLjR

По Фејсбук падна и Инстаграм: корисниците не можат да пристапат до платформите

Магазин | пред 1 ден

insta

Инстаграм воведе функција што корисниците ја бараа со години

Магазин | пред 4 седмици

media-librarympplfmfsaaa53LuyA5o

Освен Фејсбук, не работи ни Инстаграм – Хаос на платформите на Мета

Свет | пред 1 месец

instagram

Инстаграм воведува нови ограничувања за содржина за тинејџери на глобално ниво

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања