Пазарот на криптовалути од вчера влезе во тренд на закрепнување по неколкудневниот драстичен пад, во кој добар дел од валутите останаа без третина од вредноста и повеќе. Капитализацијата на пазарот се зголеми за 1,6 отсто и моментално, според податоците на веб-страницата Коингеко, изнесува 1,72 трилиони долари.
Биткоинот успеа да врати 5,2 отсто од својата вредност, а моментално се проценува на 36.359 долари.
Итриумот, исто така, се зголеми за околу 2,8 отсто на 2.418 долари.
Крипто-зима
Многу аналитичари на пазарот на криптовалути велат дека следното стабилизирање на цените на крипто-пазарот, користејќи биткоин како репер, ќе биде 30.000 долари за еден биткоин, пишува CNBC, но тие исто така наведуваат дека цените нема да закрепнат на долг рок. пазар наречен " крипто-зима“.