Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

По кражбата на 12 тони „КитКат“, Нестле овозможи алатка за да проверите да не сте купиле од украдените

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Магазин
media-library6iv2v4j5b11502MRX15

Нестле потврди дека е активирана онлајн алатка за проверка на сериски броеви на чоколадите „КитКат“, откако биле украдени повеќе од 12 тони од овој производ наменет за европскиот пазар.

— реклама —

Преку посебниот систем, потрошувачите можат да проверат дали производот што го купиле е дел од украдената пратка, така што треба да го внесат бројот на серијата од пакувањето. По внесувањето, алатката покажува дали чоколадицата припаѓа на исчезнатата пратка.

— реклама —

Доколку има совпаѓање, корисниците добиваат дополнителни насоки како да го известат производителот.

Од компанијата посочуваат дека кражбата на товар станува сѐ поголем проблем за работењето, без оглед на големината на компаниите. Нестле соопшти и дека, доколку преку системот се идентификува украден производ, ќе постапува согласно насоките на надлежните органи.

— реклама —

Компанијата и претходно уверуваше дека безбедноста на потрошувачите не е доведена во прашање и дека снабдувањето на пазарот не е нарушено.

— реклама —

Според наводите, минатата недела бил украден камион со околу 12 тони чоколади, односно приближно 410.000 чоколадици, кој од централна Италија требало да стигне во Полска, но никогаш не пристигнал на дестинацијата. Возилото и стоката досега не се пронајдени, а истрагата е во тек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynit7kdo2il93fKteCEp

„Нестле“ и „Данон“ под истрага: Дали контаминираната храна за бебиња била повлечена предоцна?

Свет | пред 1 месец

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања