Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

По новиот бран мигранти, повторно во фокусот спорот меѓу Шпанија и Мароко

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryg65gl6mol4o9cKY61DX

Новиот бран мигранти што минатата недела ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља повторно ги отвори прашањата за нивната безбедност и ги зголеми стравувањата во Мадрид поради долгогодишните територијални претензии на Мароко, пренесува „Политико“.

— реклама —

Според медиумот, масовните обиди за преминување на границата предизвикале загриженост дека миграцијата би можела да се користи како средство за политички притисок врз Шпанија, особено во време кога се поставуваат прашања за поддршката што Мадрид може да ја очекува од НАТО и Европската Унија.

— реклама —

Мароко со децении тврди дека Сеута и Мелиља се територии под шпанска окупација, додека шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес категорично порача дека за суверенитетот на двата автономни града нема да се преговара.

Во Шпанија повторно се споменува и можноста за сценарио слично на „Зелениот марш“ од 1975 година, кога масовната мобилизација на Мароканци придонесе за повлекување на Шпанија од Западна Сахара.

— реклама —

Во 2021 година околу 8.000 мигранти влегоа во Сеута откако мароканските безбедносни сили се повлекоа од граничната линија, што предизвика дипломатска криза меѓу двете земји.

Од шпанското Министерство за надворешни работи повторија дека шпанскиот статус на Сеута и Мелиља не е предмет на преговори и дека нивниот суверенитет е неспорен и признат според меѓународното право.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library02i35qhog8thag61W4q

Спорот поради мигрантите во Сеута заврши, Италија и Шпанија ги укинуваат контролите

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-library02i35qhog8thag61W4q

Шпанската опозиција бара испраќање воена морнарица во Сеута по наводен упад на марокански брод

Свет | пред 1 седмица

media-libraryg6j929frg711bJBW7y4

Шпанската полиција расчисти мигрантски камп во Сеута, повеќе од 3.000 луѓе преместени во прифатен центар

Свет | пред 2 седмици

media-library71rkk5etrlf02JU2E6o

Околу 2.000 малолетници без придружба во Сеута би можеле да останат во Шпанија

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања