Промени тема
Контакт
Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK 2:18:21

Спорот поради мигрантите во Сеута заврши, Италија и Шпанија ги укинуваат контролите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-library02i35qhog8thag61W4q

Италија и Шпанија постигнале договор за укинување на меѓусебните гранични контроли воведени пред три месеци, со што се става крај на спорот што избувна по пристигнувањето на голем број мигранти во шпанската енклава Сеута. Одлуката ја соопшти италијанското Министерство за внатрешни работи, пренесува Ројтерс.

— реклама —

Спорот започнал на 31 јули, кога италијанската десничарска влада еднострано го суспендирала режимот на слободно движење со Шпанија во рамките на Шенген-зоната. Од Рим тогаш образложиле дека целта е да се спречи мигрантите што пристигнале во Сеута да го продолжат патувањето кон Италија.

— реклама —

Мадрид возвратил со воведување исти мерки, оценувајќи ја одлуката на Рим како „неправедна, спротивна на интересите на Европската Унија и дискриминаторска кон населението на Шпанија“.

— реклама —

Договорот за нормализирање на односите бил постигнат по телефонски разговор меѓу министрите за внатрешни работи на двете земји. Според соопштението на италијанското министерство, договорено е привремените гранични контроли да не бидат продолжени.

„Одлуката е донесена по внимателна процена на состојбата, а ќе биде проследена со засилена размена на информации за да се обезбеди целосна безбедност на заедничкиот шенгенски простор“, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library02i35qhog8thag61W4q

Шпанската опозиција бара испраќање воена морнарица во Сеута по наводен упад на марокански брод

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryg6j929frg711bJBW7y4

Шпанската полиција расчисти мигрантски камп во Сеута, повеќе од 3.000 луѓе преместени во прифатен центар

Свет | пред 2 седмици

media-library71rkk5etrlf02JU2E6o

Околу 2.000 малолетници без придружба во Сеута би можеле да останат во Шпанија

Свет | пред 1 месец

media-libraryro6iieihcq249ChbF35

(Видео) Хаос во Сеута: стампедо и предупредувачки истрели при преместување на мигранти

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања