Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

По одлуката на Вишиот управен суд за Иловица, екоактивистите порачаа: „Нема да копате, отворивте војна со народот“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Македонија
ilovica-1

Екоактивистите од иницијативата „Здрава котлина“ повторно излегоа со остра реакција и порачаа дека нема да дозволат отворање рудник на планината Огражден над селата Иловица и Штука, откако Владата соопшти дека Вишиот управен суд ја поништил одлуката со која претходно беше укинато спојувањето на двете концесии за експлоатација на минерални суровини.

Владата информираше дека станува збор за конечна судска одлука што институциите се должни да ја почитуваат, нагласувајќи дека случајот е наследен од претходните одлуки донесени во 2023 година. Тогаш, во јуни беше донесена одлука за спојување на двете концесии, а само еден месец подоцна таа одлука беше поништена, по што концесионерот „Еуромакс“ поднесе жалба.

— реклама —

Од Владата посочија дека сите идни постапки ќе се спроведуваат врз основа на законските процедури, стручните анализи и институционалниот надзор, при што ќе се води сметка за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

— реклама —

„Секое понатамошно постапување ќе се одвива исклучиво врз основа на стручни анализи, законски процедури и институционален надзор, со целосна информираност на јавноста“, наведуваат од Владата.

Екоактивистите од граѓанската иницијатива „Здрава котлина“ остро реагираа на одлуката, оценувајќи дека пресудата на Вишиот управен суд е донесена со „штуро образложение“ и изразија незадоволство што Владата не вложила приговор.

— реклама —

„Владата се прави како да не прочитала во одлуката дека треба повторно да решава и за неа ова било конечно решение. Не се бунела да вложи приговор, чекала да помине рокот и сега да се почитувале законите. Нема да копате, а отворивте војна со народот“, наведуваат екоактивистите во објава на социјалните мрежи.

— реклама —

Тие повторно ги потенцираа своите забелешки за проектот, меѓу кои се, како што тврдат, несоодветноста на студиите, користењето на водите од Турија, како и можните еколошки последици од работењето на рудникот.

Потсетуваат дека и во јули 2023 година во Струмица се одржаа протести против спојувањето на концесиите за рудникот Иловица-Штука, кога граѓаните и еколошките здруженија јавно се спротивставија на проектот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

investicijata-na-nazif-destani-vo-euromaks-e-vrzana-so-koncesiite-za-ilovica-featured

Инвестицијата на Назиф Дестани во „Еуромакс“ е врзана со концесиите за Иловица

Македонија | пред 2 години

— реклама —
ilovica-1

Здрава Котлина до Груевски: Дојди ти Никола да живееш под таква брана наместо од Будимпешта да ни солиш памет со украдени милиони

Коментари | пред 2 години

347583395_555306880149593_2946970226763882161_n

Здрава Котлина повика на протест: Рудникот на смртта Иловица-Штука е зло кое мора да биде запрено

Македонија | пред 2 години

357453815_551911603822454_7453999002068985639_n

Во сабота протест против рудникот „Иловица-Штука“: Време е да ја земеме судбината во свои раце

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања