Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

По откажувањето во Сплит, Дино Мерлин ќе ја дочека Новата година со концерт во Бар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 28 минути -

Магазин
media-libraryk0tjh1k1ka7f1OmwZVd

Дино Мерлин сепак ќе настапи во црногорскиот град Бар на 1 јануари 2027 година, откако бил постигнат договор меѓу неговиот менаџмент и локалните организатори.

Иако во последните денови беше неизвесно дали концертот ќе се одржи поради високите трошоци, преговорите успешно завршиле.

— реклама —

Како што пренесува „Приморски портал“, концертот наводно ќе се одржи пред спортската сала „Тополица“, а договорот бил постигнат по усогласувањето на финансиските и техничките услови за настапот.

Одржувањето на концертот било под знак прашалник бидејќи вкупните трошоци, вклучувајќи го хонорарот на Мерлин и техничката продукција, наводно надминувале 300.000 евра.

Овој износ бил поголем од средствата предвидени за новогодишната програма во Бар, поради што претставниците на Општина Бар започнале преговори со менаџментот на пејачот.

— реклама —

Еден од условите за постигнување договор било намалување на техничките барања, со цел да се намалат вкупните трошоци за организација на концертот.

Иако договорот е постигнат, засега не е познато колку Дино Мерлин ќе добие за настапот. Од Туристичката организација на Бар најавиле дека деталите од договорот ќе бидат претставени на прес-конференција во наредните неколку дена.

— реклама —

Веста за потврдувањето на настапот на Мерлин во Бар доаѓа откако беше откажан неговиот концерт на сплитската Рива, кој беше планиран за 30 декември.

Најавата за настапот предизвика незадоволство кај дел од граѓаните на Сплит, кои поради високите трошоци покренаа петиција и побараа парите наменети за концертот да се пренасочат за набавка на ПЕТ/КТ апарат за Клиничкиот болнички центар во Сплит.

Градоначалникот на Сплит, Томислав Шута, потоа соопшти дека градот нема да потпише договор за настапот.

— реклама —

На оваа одлука реагираше и менаџментот на Дино Мерлин, оценувајќи дека целата ситуација му нанела штета на угледот на пејачот. Најавија дека нивниот меѓународен правен тим ќе ја разгледа можноста за покренување правни постапки против Градот Сплит.

Dino-Merlin-by-Edvin-Kalic-1024x683-1

Се огласи тимот на Дино Мерлин по откажувањето на концертот во Сплит: „Нанесена му е штета на угледот“

Откако Градот Сплит одлучи да се откаже од организацијата на концертот на Дино Мерлин, кој требаше да се одржи на 30 декември на сплитската Рива, се огласи менаџментот на популарниот пејач.Во соопштението испратено до медиумите, менаџментот на Мерлин посебно се осврна на сумата од 140.000 евра, која во изминатите денови предизвика бројни реакции во јавноста.„Сакаме јасно да истакнеме дека понудената и прифатена цена изнесуваше 140.000 евра бруто за ангажманот на изведувачот и целиот тим вклучен

Сцена | пред 3 дена

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

Dino-Merlin-by-Edvin-Kalic-1024x683-1

По Сплит, нов удар за Дино Мерлин: И Црна Гора размислува да му го откаже концертот

Магазин | пред 2 дена

— реклама —
Dino-Merlin-by-Edvin-Kalic-1024x683-1

Се огласи тимот на Дино Мерлин по откажувањето на концертот во Сплит: „Нанесена му е штета на угледот“

Сцена | пред 3 дена

media-library4fjontq8jb7le4hVX2P

(Видео) Кочани и скршено срце на бимот – Дино Мерлин потсети на најголемата трагедија во нашата понова историја

Македонија | пред 1 година

media-libraryk0tjh1k1ka7f1OmwZVd

Еуфорија и критики: „На Дино Мерлин му дадовме една пожарна за саат и пол пеење“

Коментари | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања