По пет дена гладување се разболе Дијана Хрка, на мајката на Стефан ѝ паднал имунитетот, но не се откажува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryrm4mh1h16ekk7my0ocQ

Мајката на Стефан Хрка кој загина при уривање на настрешница, Дијана Хрка, штрајкува со глад веќе петти ден. Таа иако е на крајот на силите, ја продолжува борбата и се заблагодарува за поддршката што ја добива сите изминатите денови..

— реклама —

Хрка е настината, изгубила глас, ѝ паднал имунитетот, но не се откажува. Им се извинила на сите кои, како што вели, поради настинката не можела да ги прегрне.

„Се чувствувам исцрпено, имунитетот ми паѓа, но ќе биде сè во ред… Им се извинувам на сите што не можам да ги прегрнам и бакнам додека не помине ова, но имунитетот ќе ми се врати и сè ќе биде супер… Навистина им се извинувам на сите, нека не мислат дека не сакам некого да прегрнам, сакам — тоа многу ми значи“, изјавила таа.

— реклама —

Синоќа во Белград се одржале два собира — еден на граѓани кои ја поддржуваат Хрка и друг на СНС во „Цациленд“, каде што повторно се пуштале песни со кои се исмејувала жената што протестира.

„Би замолила повеќе да не зборуваат за настрешницата… Моето дете не е број, ниедна жртва не е број, а тој ми вети дека ќе има одговорност. Кој е Милош Павловиќ да коментира што било? Јас го повикав Вучевиќ да дојде пред мене и да ми каже да прекинам со штрајкот на глад. Цела година чекав — ништо не направија, апсеа невина деца,“ истакнала таа.

Студентите објавиле дека ноќта биле уапсени неколку студенти, а приведени биле и одредени активисти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb94jh16u27413SGCtCF

Дијана Хрка повикува голема блокада во Белград: „Ако сакаме правда – мора да застанеме рамо до рамо“

Свет | пред 2 месеци

media-libraryb94jh16u27413SGCtCF

(Видео) Дијана Хрка по 16 дена го прекина штрајкот со глад, добила благослов од двајца свештеници

Свет | пред 2 месеци

media-librarybbnjia0dbp9r1AKuhri

За разлика од нив, здравјето и животот на сите ни се важни: идните медицинари бараат Дијана Хрка да го прекине штрајкот со глад

Свет | пред 2 месеци

media-libraryb94jh16u27413SGCtCF

Дијана Хрка примила инфузија, но продолжува со штрајкот со глад

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања