Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

По пет години пауза, Македонија повторно на Евровизија: Ќе има и нов начин за избор на претставникот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryv884ef49umil8eJwRLe

Македонија по петгодишна пауза повторно ќе застане на евровизиската сцена. Нашата земја официјално ќе учествува на 71-вото издание на музичкиот натпревар, кој ќе се одржи во Бургас.

— реклама —

Македонската делегација ќе ја предводат Јана Бурческа и Александра Јовановска, а од МРТ најавуваат поинаков пристап во организацијата и изборот на претставникот.

Директорот на МРТ, Зоран Ристоски, посочува дека јавниот сервис добива поддршка од ЕБУ за промоција на македонските културни вредности. Воедно, се очекува и поповолен пакет за повторното учество на Македонија на натпреварот.

— реклама —

Промени ќе има и при изборот на македонскиот претставник. Според Ристоски, досегашната практика на нетранспарентен избор ќе биде прекината, а јавноста ќе има увид во тоа како е донесена одлуката и зошто токму одбраниот кандидат ќе ги брани македонските бои.

— реклама —

Кој ќе ја добие можноста да ја претставува Македонија во Бургас сè уште не е познато.

Во пресрет на враќањето, организаторите на Евровизија објавија видео на официјалниот профил на Инстаграм, во кое се потсетуваат досегашните македонски учесници. Со видеото на Македонија ѝ посакаа повторно добредојде на музичкиот натпревар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

evrovizija

Евровизија 2027 со 36 земји учеснички, Македонија се враќа, четири земји се повлекуваат

Вирално | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryibo35a17i4hn9CgONd4

Холандија и Белгија потврдија учество на Евровизија 2027 во Бургас

Свет | пред 1 месец

evrovizija

Ирска повторно ја бојкотира Евровизија, втора година по ред поради учеството на Израел

Сцена | пред 1 месец

evrovizija

Уште една земја кажа „не“ на Евровизија 2027: Ирска се повлекува поради состојбата во Газа

Вирално | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања