Промени тема
Контакт

По победата на Маѓар започна демонтирањето на системот изграден од Орбан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Политичката сцена во Унгарија претрпе драматични промени по изборната победа на Петер Маѓар и неговата партија Тиса, која освои двотретинско мнозинство во парламентот. Според анализа на Euronews, изборниот пораз на Виктор Орбан означил почеток на брзо демонтирање на политичкиот и институционалниот систем што го градеше во изминатите 16 години.

Се наведува дека Орбан телефонски му ја честитал победата на својот политички противник, по што започнал процесот на промени во државните институции. Новото парламентарно мнозинство му овозможило на Маѓар да иницира измени на Уставот и да спроведе реформи без поголеми пречки.

Меѓу првите потези на новата власт биле барањата за оставки на високи државни функционери. Во наредните месеци функциите ги напуштиле претседателот Тамаш Шуљок, главниот јавен обвинител и повеќе раководители на безбедносните служби, а бил укинат и Уредот за заштита на суверенитетот, кој претходно беше критикуван од Европската комисија.

Новата влада започнала и опсежни истраги за корупција поврзани со периодот на владеење на Фидес. Парламентот формирал посебен Уред за заштита и враќање на имотот, чија задача е да ги испита наводите за злоупотреба на јавни средства и незаконски стекнат имот. Под лупа се нашле и бизнисмени кои важеле за блиски до Орбан.

— реклама —

Во тек се и истраги за повеќе случаи, меѓу кои и наводната злоупотреба на средства од Националниот фонд за култура, како и случајот поврзан со работењето на Унгарската народна банка.

— реклама —

Истовремено, парламентот усвоил закон со кој премиерскиот мандат се ограничува на осум години, а се воведуваат ограничувања и за должината на мандатите на пратениците. Поради ретроактивната примена на законот, Орбан повеќе нема можност повторно да се кандидира за премиер.

Значителни промени се случиле и во медиумскиот сектор. Државната телевизија претрпела раководни промени и најавила реорганизација, додека дел од медиумите блиски до поранешната власт останале без државно финансирање, што довело до отпуштања и затворање на одредени проекти.

— реклама —

Од Фидес остро ги критикуваат потезите на новата власт, оценувајќи дека станува збор за напад врз демократијата и политички реваншизам. Од друга страна, Маѓар тврди дека реформите имаат цел да ја обноват независноста на институциите, да воспостават владеење на правото и да стават крај на политичкото влијание врз државниот систем.

Според анализата на Euronews, вистинскиот тест за новата власт ќе биде подготовката на нов Устав и начинот на кој ќе се спроведат најавените демократски реформи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryootjvsnqq64e6HdjGuL

Кредитот од 1 милијарда евра за Македонија под истрага во Унгарија

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryivvmaj7g2c9fcuyqGQf

Унгарскиот премиер Петер Маѓар најавува побрзи кривични постапки: „Неприфатливо е предмети да траат 5 до 10 години“

Свет | пред 2 седмици

media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Голем пресврт во Унгарија: Новата влада ја прогласи Русија за закана

Свет | пред 2 седмици

media-library4tnm9iaectbgb2sYMha

Се урна воен авион во Унгарија, пилотот успеал да се катапултира

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања