Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

По повтореното гласање на 53 избирачки места во Србија, Студентската листа освои 53 отсто од гласовите, листата на Вучиќ доби 38,98

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Балкан
media-libraryatmn5bh3tk6udu1tQx8

По повтореното гласање на 53 избирачки места, Студентската листа освои 53,01 отсто од гласовите на предвремените парламентарни избори во Србија, додека листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ доби поддршка од 38,98 отсто од гласачите.

— реклама —

Републичката изборна комисија ги објави конечните податоци од сите 8.392 избирачки места. Според нив, листата „Ивица Дачиќ – Фактор на стабилност“ освоила 2,13 отсто од гласовите, додека останатите изборни листи добиле значително помала поддршка.

— реклама —

На изборите гласале 4.444.310 граѓани, односно 68,89 отсто од запишаните избирачи.

Повтореното гласање се одржа на 53 избирачки места, на кои претходно резултатите не можеле да бидат утврдени или гласањето било поништено. Од нив, на 31 место резултатите не можеле да се утврдат, додека на 22 места гласањето било поништено со одлуки на надлежните изборни комисии.

— реклама —

Право на глас на повтореното гласање имале 24.438 граѓани, а избирачките места биле отворени од 7 до 20 часот.

— реклама —

На предвремените парламентарни избори во Србија, одржани на 25 октомври, учествувале 18 изборни листи. По првичната обработка на 8.338 од вкупно 8.392 избирачки места, Студентската листа имала 53,04 отсто, а листата на Вучиќ 38,97 отсто од гласовите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

policija-srbija

Двајца високи полициски началници во Србија задржани до 48 часа, обвинителот: Апсењето нема врска со изборите

Свет | пред 20 часа

— реклама —
media-libraryg8q75nbvarl84s6LNPf

Прислушувани обвинители во Србија: БИА ги следела истрагите за случајот „Натстрешница“

Свет | пред 21 час

Screenshot-2024-11-23-at-12.34.29

Две години од уривањето на настрешницата во Нови Сад: Помен за загинатите, студентите организираат комеморација

Свет | пред 1 ден

media-libraryo3atpber2kltbOhFQP9

Полицијата трага по група што преку социјалните мрежи се обидувала да го дестабилизира финансискиот систем на Србија

Балкан | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања