Промени тема
Контакт

По пожарот и жртвите во тетовската болница, Заев три дена го нема во јавност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
03092021_PVRSM_Zaev_promocija-na-kampanja_2

Премиерот на Република Македонија Зоран Заев веќе три дена по пожарот кој ја зафати модуларната болница во Тетово, нема дадено изјава за медиумите.

Вечерта на 8 септември тој пристигна во Тетово, каде заедно со лидерот на ДУИ, Али Ахмети и министерот за здравство Венко Филипче направија обиколка на модуларната болница, на кратко разговараа и со роднините на лицата кои биле во болницата, но не се соочија со медиумите.

Веднаш потоа во зградата на општината беше свикан Кризен штаб. По завршувањето на состанокот Заев не даде изјава за медиумите. На поминување рече дека не сака да шпекулира, а официјалните информации ќе остави да ги соопштат надлежните институции.

— реклама —

Следниот ден на седница на владата преку писмено соопштение медиумите беа известени дека е прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава, како и дека ќе се обезбедат странски експерти за истраги при експлозии и пожари.

Посета на модуларната болница направи и претседателот на државата Стево Пендаровски.

„Инсистирам секогаш да има одговорност и морална и политичка и субјективна и објективна, но не можам да твордам во овој момент бидејки не знам дали постои основ за таква одговорност. Ние како држава мора да направиме темелна истрага за да нема сомнеж дека некој нешто прикрива“, изјави Пендаровски.

— реклама —

Во меѓувреме министерот за здрвство Венко Филипче имаше две прес-конференции, а вчера ја понуди својата оставка.

Во моментов се чека на премиерот да одлучи дали ќе ја прифати понудената оставка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања