„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

По пријавата од МВР, градоначалникот на Делчево уверува дека постапил законски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
goran-trajkovski-delcevo

Откако Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, поради сомневање за злоупотреба на службената положба и овластување, тој изјави дека целата постапка за вработување во 2018 година била спроведена законски.

— реклама —

„Селекцијата на кандидатите по јавниот оглас не ја врши општината, туку исклучиво Агенцијата за администрација преку Комисија формирана со решение на директорот. Таа комисија ја води целата постапка, од административната селекција, преку испитот и проверката на доставените докази, до интервјуто. По завршувањето на сите фази, јас сум законски обврзан да го изберам прворангираниот кандидат,“ истакна Трајковски.

Тој нагласи дека во конкретниот случај избраното лице било единствено и прворангирано, па затоа донел Одлука за избор и Решение за вработување.

— реклама —

„Сакам да нагласам дека нема никаква злоупотреба на службената положба. Постапив во согласност со законот и врз основа на завршената селекција спроведена од Агенцијата за администрација,“ додаде градоначалникот.

Според пријавата на МВР, со незаконската одлука за вработување кандидат кој веќе ги исполнувал условите за пензионирање, Трајковски наводно му овозможил противправна имотна корист од 505.561 денари на име плата и истовремено ѝ нанел штета на Општина Делчево во висина од 762.318 денари по основ на плати и придонеси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања