По примерот од Струга, денеска и во Кичево се вејат само албански знамиња, пред утрешната прослава на албанското знаме. И Кичево како и Струга е мултиетнички град, во кој треба да има соживот, без разлика на вера и нација.

Прашуваме, дали првите луѓе на овие градови знаат дека истакнување само на албански знамиња, без притоа да се стави знамето на Република Македонија, државата во која живееме е спротивен на законот?

Останува да видиме дали воопшто некој ќе реагира, освен новинарите?