Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

По пукањето во Турција приведени малолетникот, неговите родители и дедо му

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarynav2tk6ejaf6bO9Y3se
Принтскрин / Х

Турскиот министер за правда Акин Ѓурлек соопшти дека во вооружениот инцидент пред средно училиште во Тургутлу, во провинцијата Маниса, се повредени 11 ученици, од кои двајца се во тешка состојба.

— реклама —

Ѓурлек потврди дека малолетникот, осомничен дека пукал пред училиштето, е приведен. Во рамките на истрагата се приведени и неговите родители и дедо му.

Според министерот, надлежните детално проверуваат како оружјето дошло во посед на малолетникот, како било чувано и дали родителите ја исполниле својата обврска за грижа и надзор. Се истражуваат и наводите дека ученикот пред инцидентот бил малтретиран од врсници.

— реклама —

– Околностите под кои оружјето дошло во посед на детето, условите под кои било складирано оружјето, одговорностите на родителите за грижа и надзор, како и наводите за малтретирање од страна на врсници пред инцидентот, темелно и прецизно се истражуваат – изјави Ѓурлек.

— реклама —

Тој порача дека целиот случај ќе биде истражен согласно со законите и дека ќе биде утврдено кој сноси одговорност.

– Одговорните ќе бидат прецизно идентификувани и нема да биде превидена никаква небрежност – нагласи турскиот министер за правда.

— реклама —
media-librarynav2tk6ejaf6bO9Y3se

(Видео) Нови детали од пукањето пред училиште во Турција: 11 ученици повредени, двајца се во тешка состојба, напаѓачот приведен

Најмалку 11 ученици се повредени во утринскиот напад со огнено оружје во близина на средно училиште во турскиот град Тургутлу, во провинцијата Маниса. Двајца од повредените се во тешка состојба, а осомничениот, малолетен ученик, бил приведен кратко по нападот.Пукањето се случило околу 8 часот по локално време во близина на Средното стручно и техничко училиште „Инџи Узмез“. Првичните информации беа дека има осум повредени, но бројот подоцна се зголемил на 11.Според турските медиуми, напаѓачот дош

Свет | пред 1 месец

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8iekmmmqemhn4fRaQMe

Турција планира шест нови нуклеарни реактори со моќност од 4.500 мегавати

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-library5qujv2uca6ud0xWJ3Wl

Тешка трагедија во Турција: Најмалку 16 загинати во експлозија во фабрика за челик, се трага по затрупани лица

Свет | пред 4 дена

media-librarybe0lj08un5agaFHAKEv

Турски суд одреди притвор за поранешна министерка, под истрага за тргување со повластени информации

Свет | пред 1 седмица

media-libraryhfgln0iq7re49I6sgX2

(Видео) Крвав напад во Турција: Осум лица убиени, полицијата трага по напаѓачот

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања