Промени тема
Контакт

По разорните потреси во Венецуела, силен земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди и Јапонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала ноќеска го погоди регионот Тохоку во североисточниот дел на Јапонија, при што најмалку четири лица се повредени, соопштија Јапонската метеоролошка агенција и локалните противпожарни служби.

— реклама —

Според официјалните информации, по земјотресот не е издадено предупредување за цунами.

— реклама —

Епицентарот бил регистриран во близина на брегот на префектурата Ивате, на длабочина од околу 50 километри.

Енергетската компанија „Тохоку електрик пауер“ информираше дека земјотресот не влијаел врз работата на нуклеарните централи Онагава и Хигашидори.

— реклама —

Поради потресот, компанијата „Источнојапонска железница“ привремено го запрела сообраќајот на дел од возовите.

Овој земјотрес следува само неколку часа по двата силни потреси што ја погодија Венецуела, каде беа урнати десетици објекти, а бројот на загинати и повредени постојано расте. Првиот земјотрес во Венецуела беше со јачина од 7,5 степени, а вториот достигна 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfmur0gqpghhr4H4P3YA

Над 5.300 фирми пропаднаа за шест месеци во Јапонија, најмногу во последните 14 години

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди јужниот дел на Јапонија

Свет | пред 1 седмица

media-librarysid997gpgc1f7wob0Zd

Рекорд во Јапонија: Бројот на стогодишници за првпат надмина 100.000

Свет | пред 3 седмици

media-libraryd6iddvtjtlcp6Of6P9H

(Видео) Јапонија под силно невреме: Рекордни врнежи, парализиран сообраќај и 41 повреден

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања