„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

По скандалот со мазутот: Се враќаат цистерни, се прават контроли, се ровари по бензиски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
direktorka-pazaren

Почнуваат засилени контроли на терен на сите видови нафтени деривати, конкретно на моторни бензини и дизел, соопшти министерот за економија, Крешник Бектеши, на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за антикорупција, Љупчо Николовски, и новата в.д. директорка на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Анета Симеска-Димоска.

— реклама —

За контрола на бензинот и дизелот се користи мобилната лабораторија на Бирото за метрологија, која е акредитирана. Од утрово се посетени три бензински пумпи, а како што најавија Бектеши и Симеска-Димоска, контролите ќе продолжат и во текот на денот.

„Одлучни сме преку засилени контроли да избегнеме можни манипулации со квалитетот на возилата кои се користат во нашата земја. На тој начин, не само што ќе се заштитат потрошувачите од манипулации, туку ќе се заштити и животната средина“, рече Бектеши.

— реклама —

Тие не сакаа да откријат чиј бензински пумпи се на нивната листа за денешните вонредни контроли, но како што рече Бектеши, станува збор за бензински пумпи и увозници кои го покриваат најголемиот дел од пазарот во државата.

„Денешните надзори се само почеток на вонредните надзори кои ќе продолжат од утре понатаму и ќе бидат дел од нашите приоритети на целата територија на државата … Со оглед дека лабораторијата е мобилна, во план е вакви контроли да се вршат и на самата граница, секако во соработка со Царинската управата“, додаде директорката на ДПИ.

извор: 360stepeni.mk

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања