По слободата: „Според новиот КЗ на Мијалков ќе му го конфискувале само телефонот. Батеријата била слаба па тој понудил фиксен апарат како замена“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
gawega

Слободата на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, донесе лавина реакции, иронични коментари, критики. Револтот на јавноста, во најголем дел е насочен кон тоа што државата сеа ќе треба да ги плати судските трошоци, како и трошоците на оштетените од прислушувањето, а бидејќи на Мијалков му застаре делото.

— реклама —

„Сериозно сте изненадени што треба на Мијалков оштета да му платиме?? Ова се знаеше уште пред да го обвинат и однесат во Шутка“, се вели во еден од низата коментари.

https://twitter.com/BrlaBrla/status/1714348687080521907

— реклама —

„Владата се извинува, што свадбениот подарок за Мијалков го испорача дури денес“, пишува корисниник на „Х“ со прекар Сезнајко.

https://twitter.com/seznajko_mk/status/1714353957642883150

Има и такви кои се присетија дека син му на Мијалков правеше свадба пред неколку денови, а јавноста коментираше дека е платена од пари на граѓаните.

„Покрај свадбата на Мијалков сега и адвокатите ќе му ги плаќаме“, искоментира корисник со прекар Рејмонд Редингтон.

https://twitter.com/Redington_M5/status/1714246516158710113

„Му е гајле на Мијалков, му падна секирата во медот, според свадбата од син му којзнајт колку плата земат ко шофер взатвор“, пишува во друга критика, а откако Мијалков беше вработен како возач во струшкиот затвор.

https://twitter.com/HFobija/status/1714250515570139180

„Бројчаникот да врти колку пари ќе му вратиме на Мијалков“, искоментира Тасе Стопарески.

https://twitter.com/stopareski/status/1714279025978532215

Друг вели: „Не е ок Мијалков сам да си ги бира адвокатите ние да ги плаќаме“.

https://twitter.com/Skraci/status/1714294964283433389

„Би било фер сега пиперкарот да му ги исплати судските трошоци на господинот Мијалков“, напиша корисникот Ненаспана Муцка.

https://twitter.com/Nenaspana_Mucka/status/1714297547957662084

„Навистина прекрасен ден за застарување на делото на Мијалков. А нас, на народот, свака част шо дозволивме 3 фамилии да ја поробат и распродадат државата за која нашите дедовци, прадедовци гинеле...“, напиша Марио Јанески.

https://twitter.com/JaneskiMario/status/1714312422918430934

„Според новиот КЗ на Мијалков ќе му го конфискувале само телефонот. Батеријата била слаба па тој понудил фиксен апарат како замена“, напиша Шодер.

https://twitter.com/Shoeder006/status/1714314375358554179

„Скенирајте фискални треба да донираме да му платиме судскиот трошок на Мијалков шо го изгуби Северна“, пишува корисник на „Х“.

https://twitter.com/XP0KI/status/1714318922076360779

По нецели шест години одење на судења, но и една пресуда која беше укината од Апелација, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков добива слобода за масовното прислушување. Според извори на „Скопје1“, Обвинителството веќе предложило на Кривичен суд да утврди застареност на делото за кое се гонеше Мијалков.

Screenshot-2022-12-26-at-15.38.43

Трето прислушување останува неказнето: Слобода за Мијалков оти измените на Кривичен законик го спасија

По нецели шест години одење на судења, но и една пресуда која беше укината од Апелација, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков добива слобода за масовното прислушување. Според извори на „Скопје1“, Обвинителството веќе предложило на Кривичен суд да утврди застареност на делото за кое се гонеше Мијалков.Застарувањето на делата за Мијалков и останатите обвинети за прислушкувањето, значи дека државата ќе треба да плаќа оштета на сите незаконски прислушкувани. Ова е трето по ред прислушкување, кое ќе неказнето.Таргет целосно застарува, а делот за Тврдина за уништување на опремата продолжува и ќе им се суди на Гордана Јанкуловска, на Тони Јакимовски, на извесните разузнавачи и уште една обвинета Валентина Симоновска.Овој предмет претходно беше поделен во два. На 29 март 2016 година, тогашното СЈО прво отвори истрага „Тврдина“ за уништување на системите за следење на комуникациите во УБК, а на 17 ноември истата година отвори и истрагата со кодно име „Таргет“. Поради нивната поврзаност, кога поднесе обвинение, СЈО ги спои двата предмета во еден.Во обвинението, СЈО посочи дека директно и индиректно со прислушувањето биле опфатени околу 20 000 граѓани.Незаконски биле следени 4 286 телефонски броја за кои воопшто не биле издадени судски наредби. На други 1 541 број, пак, комуникацијата била следена и пред и по завршување на траењето на важноста на судските наредби. Или, вкупно биле следени 5 827 телефонски броеви.22 декември 2017 беше датумот за кога беше закажан и стартот на судењето. По повеќе од три години судење, процесот влезе во финалето од првостепената постапка.

Македонија | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања