Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

По смена на власта зградата дивоградба на Шилегов веднаш ќе биде урната, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
silegov

— реклама —

Зградата дивоградба на Шилегов ќе биде урната веднаш по смена на власта, општеството треба да се исчисти од криминалци, вели опозицијата.

— реклама —

„Институциите со денови молчат за луксузната дивоградба на Петре Шилегов.

Да беше дивоградба на обичен граѓанин досега ќе беше срушена, но кога станува збор за функционер на СДСМ инспекторите никаде ги нема.

Институциите се неми пред криминалот на градоначалникот во заминување Петре Шилегов.

Дваесетина дена јавно се посочува дека Петре Шилегов менува документи во Катастар во неработен ден во сабота.

ВМРО-ДПМНЕ посочува со денови дека Петре Шилегов пријавил имот изградена луксузна вила од 300м² со 4 пати помала вредност. Дваесетина дена секој ден јавно се посочува дека Петре Шилегов има коли од 130.000 евра, кои што не се пријавени во анкетниот лист.

Освен што институциите молчат, дури и Петре Шилегов се крие од камери и бега од одговори.

Јавното обвинителството мора да почне да работи по допрен глас. А, молчењето на институциите единствено значи соучество и злоупотреба.

Петре Шилегов е веќе завршена приказна. Шилегов не смее да избега од одговори и одговорност“, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања