УКИНАТА ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража се укинува во 12:05 часот.
ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: На патниот правец крак Маврово - Дебар поради интензивни врнежи од снег во 09:30 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, Стража, Маврово ,Гостивар ,Дебар ,Крушево ,Кичево и на планинските премини Буково ,Ѓавато и Пресека.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ОДРОНИ: На патниот правец А2 Свети Николе - Миладиновци на 10 км. пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење.
СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид - Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови на возила од 15.11.2021 до 01.04.2022. Од охридска страна, сообраќајот ќе се одвива до месноста Корита.