Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

По три години затвор за ексдиректорите Бесими и Етеми за трагедијата во модуларната болница во Тетово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library6600bh3ls8h49ZUYDdE

Апелациониот суд во Гостивар донесе одлука со која двојно ги зголеми затворските казни за Флорим Бесими и Артан Етеми, обвинети за пожарот што на 8 септември 2021 година избувна во модуларната ковид-болница во Тетово, при што животот го загубија 14 пациенти и членови на нивните семејства. Наместо првостепените казни од една и пол година затвор, судот им изрече по три години ефективна затворска казна.

Флорим Бесими, како тогашен директор на Клиничката болница во Тетово, и Артан Етеми, како економски директор, беа прогласени за виновни за кривичното дело тешки дела против општата сигурност, за кое Кривичниот законик предвидува максимална казна затвор до пет години. Апелацискиот суд одлучуваше по жалбите и на Јавното обвинителство од Тетово и на бранителите на обвинетите, а јавната седница беше одржана на 25 ноември, додека одлуката беше јавно објавена вчера.

— реклама —

Со истата одлука, правното лице Клиничка болница Тетово, кое се товареше за кривично дело предизвикување општа опасност, е казнето со парична казна од 1.300.000 денари, што претставува зголемување во однос на првостепената казна од еден милион денари.

— реклама —

Во претходната судска постапка, директорите првично беа осудени на условни казни од една и пол година затвор, а болницата на парична казна. Таа пресуда, по жалба на Обвинителството, беше укината од Апелациониот суд во Гостивар и предметот беше вратен на повторно судење, по што сега следуваше и построга санкција.

Обвинението против Бесими и Етеми не се однесува на директната причина за настанување на пожарот, туку на нивното непостапување, односно непоставување пропишани уреди за заштита од пожар. Според обвинението, тие не ги спровеле мерките кои произлегувале од договорот за заем меѓу државата и Светската банка, со кој било предвидено модуларните болници да бидат опремени со соодветни противпожарни апарати и инсталации. Иако биле должни, од денот на пуштањето во употреба на модуларната болница во Тетово, па сѐ до денот на трагедијата, такви уреди не биле обезбедени.

— реклама —

Како последица на кус спој во приклучниот кабел на дефибрилатор, за време на реанимација на пациент, дошло до палење на продолжниот кабел и синтетичките материјали, по што пожарот за кратко време се проширил низ целиот објект. Пожарот се обиделе да го изгаснат со ќебиња и вода двајца лекари, три медицински сестри и една болничарка, кои безуспешно барале противпожарни апарати што не биле достапни.

— реклама —

Во истиот предмет, докторот Бобан Вучевски се товареше за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, бидејќи дозволил влез на членови на семејствата на пациентите во модуларната болница, иако тоа било изрично забрането. За него обвинението не се однесува на причините за пожарот, туку исклучиво на прекршување на мерките за време на епидемијата. Тој беше ослободен од вина.

Застапник на обвинението во овој случај е јавниот обвинител од Тетово, Бесир Алиу.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjb3bq9qaeujocNLeoBT

Општина Тетово обвини за политизација на процесот за преименување на улиците

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
2-1-2

Тетовец на социјалните мрежи: „Добив казна дека не возам по велосипедска патека, а патеката беше блокирана со возила и контејнери“

Коментари | пред 3 седмици

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Овчар нападнат додека го чувал стадото во тетовско

Македонија | пред 3 седмици

media-library3qgbs5j9b8377Y2TIOV

Тетовец силувал девојче: мајката со која бил во љубовна врска не пријавила

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања