Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

По вооружените напади во Атина, министерот призна пропуст во обезбедувањето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Балкан
media-libraryrph16cqtke0f6k504tb

Грчкиот министер за заштита на граѓаните Михалис Хрисохоидис изјави дека постоел безбедносен пропуст во судските објекти во Атина каде што вчера се случија вооружени напади, но нагласи дека Грција останува мирна и безбедна земја.

— реклама —

Во интервју за телевизијата „Action 24“, тој посочи дека во објектите не постоеле рендгенски уреди и доволен персонал за контрола при влез, што, како што рече, претставува слабост во системот на обезбедување.

— реклама —

Хрисохоидис оцени дека е потребна подобра организација на безбедносните процедури, но отфрли заклучоци дека инцидентите ја менуваат општата безбедносна состојба во земјата. Според него, станува збор за изолиран случај со опасен поединец, а не за поширок безбедносен проблем.

— реклама —

Во вооружените напади беа полесно повредени пет лица, а сторителот, 89-годишен маж, беше уапсен во градот Патра. Тој, според информациите, со ловечка пушка влегол во објект на Националниот фонд за социјално осигурување и во Апелацискиот суд во Атина, по што бил лоциран и приведен во близина на пристаништето.

— реклама —

Министерот додаде дека полицијата брзо реагирала за да се спречи натамошна опасност и дека ќе следува анализа за унапредување на безбедносните мерки во слични институции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryef1ajsv2rj70bBXb4LP

Во Грција запленети над 616 килограми месо, дел со рок истечен пред 17 месеци

Балкан | пред 19 часа

— реклама —
uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 1 ден

trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 3 дена

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања