Промени тема
Контакт

По зголемувањето на минималната плата, низа препукувања од СДСМ кон ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
pari-za-izjava

„Ја зголемивме минималната плата на 18.000 денари. Исполнивме уште едно клучно ветување на СДСМ пред граѓаните, пред работниците. 80.000 граѓани, наши сограѓани ќе земат мартовска плата од најмалку 18.000 денари. Во просек за 45 евра повеќе приход за секој работник во време на енергетска криза“, вели Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

Таа додава:

„Во време на ВМРО-ДПМНЕ работниците имаа едвај 8.900 денари минимална плата.

ВМРО-ДПМНЕ како власт со години ја држеше минималната плата замрзната, и до денеска се противи на раст на минималната плата.

— реклама —

Груевски и Мицкоски ја промовираа нашата земја како рај за евтина работна сила.

Денес Мицкоски лицемерно кажува дека ја поддржуваат минималната плата. Додека неговите економисти јавно се противат на покачувањето на минималната плата. Трајко Славевски и Данела Арсовска се први на фронтот за спречување на раст на платите.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ во изминатите четири години ги спречи сите закони кои беа во интерес на покачување на приходите на граѓаните. Ги спречуваше растот на платите на лекарите и финансиската поддршка во време на криза.

ВМРО-ДПМНЕ е партија која е против работниците.

— реклама —

СДСМ ја покачи минималната плата на 18.000 денари, со што за само 4 и пол години имаме двојно покачување од минималната плата од онаа од времето на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ е партија која ги штити работниците, но и ги поддржува и компаниите. Така и ќе продолжиме“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања