Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Побарал 100.000 евра за да одобри увоз на вештачко ѓубриво – ОЈО поднесе обвинение против директорот на ДИЗ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryhionlbljtlutdh0DJD4

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт до Основниот кривичен суд Скопје против Васе Анакиев, кој се товари за кривичното дело примање поткуп.

— реклама —

Според обвинението, обвинетиот Васе Анакиев, во својство на директор на Државниот инспекторат за земјоделство, во март годинава побарал и примил значителна имотна корист за да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши.

— реклама —

Обвинителството наведува дека тој вршел притисок да не биде одобрен увоз на вештачко ѓубриво за правно лице кое се занимавало со производство и увоз на ваков производ, иако компанијата и претходно повеќепати увезувала ист вид стока. Воедно, според наводите, влијаел и врз фитосанитарен инспектор на граничен премин да не го одобри влезот на пратката во државата, поради што таа неколку дена била задржана на границата.

На 13 март 2026 година, во Свети Николе, обвинетиот, според Обвинителството, директно побарал поткуп од 100.000 евра за да го одобри конкретниот, како и идните увози на вештачко ѓубриво, при што побарал сумата да биде исплатена во три рати.

— реклама —

Шест дена подоцна, на 19 март, откако преку посредник му била предадена првата рата во износ од 50.000 евра, обвинетиот бил лишен од слобода од полициски службеници при преземањето на парите.

— реклама —

Заедно со обвинителниот акт, јавниот обвинител доставил и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот, поради постоење на законските основи врз кои таа претходно му била определена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylanq5msr06k433oK8i4

Социјалистичка партија по апсењето на Васе Анакиев: Надлежните институции да постапуваат според закон

Македонија | пред 3 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања