Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Социјалистичка партија по апсењето на Васе Анакиев: Надлежните институции да постапуваат според закон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
media-librarylanq5msr06k433oK8i4

Социјалистичката партија на Македонија ја истакнува определбата за чесно и одговорно работење на сите органи и институции во државата, се вели во соопштението на Социјалистичка партија, која е дел од владината коалиција, по апсењето на нејзиниот потпретседател Васе Анакиев.

— реклама —

Директорот на државниот инспекторат за земјоделие синоќа е уапсен во полициска акција поради мито. Првичните неофицијални информации велат дека Анакиев, кој раководи со Инспекторатот од 2024 година, е фатен при примање поткуп од околу 50.000 евра.

- Оттаму нашите очекувања од новата демократска власт се во воспоставувањето на владеење на правото и на правната држава, но и во одговорноста во работењето на секој поединец или институција.

— реклама —

Истовремено Социјалистичката партија на Македонија жестоко реагира од нападното партиско етикетирање на актуелни случаи со сериозни обвиненија и тенденциозното објавување фотографии со кои се гази врз човековото достоинсво, а за што од одговорните е потребно издржано објаснување.

Социјалистичката партија на Македонија ги повикува надлежните институции да постапуваат според закон, одговорно и без селективност да ги превземаат сите активности во разоткривањето на било кој случај за кој постојат основани сомненија за сторен криминал или злоупотреба на службената должност. Почитувањето и примената на законот исклучува селективност или пристрасност и обезбедува праведност,, гласи коментарот на владејачката партија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања