Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Побаран краткотраен притвор за 19-годишникот, за убиството кај Сарај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-librarytvb6nkcknph14CMmrcA

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека е поведена постапка за убиството на 18-годишно момче од скопското село Бојане, кое беше убиено во околината на Сарај.

Според обвинителството, постои основано сомнение дека кривичното дело „Убиство“ го извршил 19-годишник од истото село, кој веќе е лишен од слобода.

— реклама —

„Постои основано сомнение дека кривичното дело - Убиство според член 123 став 1 од Кривичниот законик го извршил 19-годишник од истото село, кој е лишен од слобода“, велат од обвинителството.

— реклама —

Јавен обвинител издал наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредби за повеќе вештачења.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде Наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредби за вештачење на траги и за вештачења и споредбени анализи на оружјето со кое се смета дека е сторено делото“, соопштија од ОЈО.

— реклама —

Од обвинителството додаваат дека доказите сè уште се прибираат, а поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторување на делото, побаран е краткотраен притвор.

— реклама —

„Јавниот обвинител од судијата на претходна постапка побара да определи мерка краткотраен притвор од 48 часа до обезбедување на сите докази и формално отворање на истрагата“, додаваат од обвинителството.

ubistvo

Уапсен 19-годишникот од Бојане кој завчера уби 18-годишник од истото село, пронајдени се телото и пиштолот

На 17.05.2026 во 00:50 часот во с.Бојане, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Б. (19) од с. Бојане поради основано сомнение за сторено кривични дело „убиство“ по член 123 од КЗ.Претходно, на телефонската линија за итни повици 192 се јавил неговиот татко И.Б. и пријавил дека М.Б. му признал дека на 15.05.2026 во шума во околината на с.Сарај со пиштол го усмртил Б.Д. (18) од Бојане.Од страна на полициските службеници, М.Б. е приведен во полициски службеници, а пронај

Македонија | пред 5 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysd2urj8q5tls9k9PJ7e

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена дека отворала лажни кредити и ги присвојувала парите на штедачите

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
ojo-1

Кој ќе го наследи Ислам Абази? Обвинителите денеска избираат нов шеф на ОЈО ГОКК

Македонија | пред 2 седмици

media-librarydk5eflmuigni5sfbQOd

Водел нелегален пазар за украдени податоци, а на телефон му пронашле 29 видеа со сексуална злоупотреба на деца: Обвинителството бара притвор

Македонија | пред 4 седмици

ojo

ОЈО бара притвор за двете финансиски раководителки во Државна лотарија, осомничени дека присвоиле речиси 80 милиони денари

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања