Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Побарани парични казни за непочитување на полицискиот час во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
paridenari1

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица заради сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Обвинетите, во два одвоени кривично-правни настани, биле затекнати при непочитување на важечкиот полициски час, определен како мерка за сузбивање на опасна заразна болест. Без да поседуваат дозвола за тоа, тие се движеле на различни локации во градот, при што биле затекнати од овластени службени лица.

Основното јавно обвинителство Скопје на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за двајцата обвинети да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, а поединечната висина на дневната глоба да биде определена на износ од 20 евра во денарска противвредност.​​

— реклама —

Фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања