Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Почина Иван Хиниќ, директорот на Cineplexx во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 29 минути -

Македонија
media-library25ca78ndlt3v499ABhm

На 54-годишна возраст почина Иван Хиниќ, директор на Cineplexx во Македонија, кој речиси три децении беше дел од филмската индустрија и нејзиниот развој во земјава и регионот. Веста за неговата смрт, која настапила на 13 ноември, ја соопштија од компанијата.

— реклама —

Хиниќ е роден на 25 септември 1972 година, а во филмската индустрија работел од 1998 година. Со своето знаење, искуство и посветеност оставил значаен белег во развојот на киноиндустријата и изградбата на Cineplexx.

— реклама —

Од компанијата истакнуваат дека неговиот придонес не се огледува само во деловните резултати и реализираните проекти, туку и во односот кон колегите и работата. Го паметат како човек со силна енергија, човечност и љубов кон професијата, кој верувал во луѓето и заедничките цели.

„Ќе го паметиме по сè што создаде, но уште повеќе по начинот на кој го правеше тоа – со страст, посветеност и верба во луѓето и заедничките цели“, наведуваат од Cineplexx.

— реклама —

Комеморацијата во чест на Иван Хиниќ ќе се одржи во среда, 18 ноември, со почеток во 10 часот, во киното Cineplexx во трговскиот центар Skopje City Mall.

— реклама —

Од компанијата упатија сочувство до неговото семејство, пријателите, колегите и сите што го познавале и почитувале.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања