Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Почина Томче Филиповски, легендарниот фудбалер на Работнички

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library0osbf44rgo4m3CJeyaO

На 84-годишна возраст почина Томче Филиповски, едно од најзначајните имиња во историјата на македонскиот фудбал и легенда на скопски Работнички.

Филиповски цели 18 години го носеше дресот на Работнички, со кој остави длабока трага во историјата на клубот од Дебар Маало. За скопскиот тим одигра 633 натпревари и постигна 225 голови, а во сезоната 1971/72 беше најдобар стрелец во Втората југословенска лига.

— реклама —

И покрај бројните понуди да ја продолжи кариерата во друг клуб, меѓу кои и од Вардар, Филиповски остана верен на Работнички до крајот на својата играчка кариера.

По завршувањето на кариерата како фудбалер, продолжи активно да придонесува за развојот на фудбалот како спортски работник и функционер. Од 1987 до 1991 година беше претседател на Фудбалскиот сојуз на Југославија.

— реклама —

Во тој период југословенскиот фудбал забележа значајни резултати. Репрезентацијата настапи на Олимписките игри во Сеул во 1988 година, а на Светското првенство во Италија во 1990 година го освои петтото место.

— реклама —

Со неговото заминување, македонскиот и скопскиот фудбал загубија голема фигура, која целиот свој живот го посвети на спортот и фудбалот.

Фудбалската федерација на Македонија упати сочувство до семејството, пријателите, фудбалските соработници и сите кои го познаваа и почитуваа Филиповски.

— реклама —

Погребот ќе се одржи утре на Градските гробишта Бутел во Скопје, во периодот од 11:30 до 12:30 часот, во капелата во Бутел.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

308677728_5857589610941165_4715062866437565417_n

Македонија вечерва ја бара шансата за пресврт против Шкотска во Глазгов

Спорт | пред 1 час

— реклама —
media-libraryta6ouhu7c3v78u43Jtr

Мурињо откри дали брадата му носи среќа пред Ел Класико

Спорт | пред 2 седмици

media-library5odsev01qor28PWHJZq

Мбапе доби зелено светло од Реал, дали се подготвува изненадување за „Златната топка“?

Спорт | пред 2 седмици

media-librarykthm4fckl1lb2xnwFXE

(Видео) „Двојните стандарди мора да престанат“: Озил упати порака до ФИФА

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања