Пандемијата од ковид-19 зеде уште еден живот на медицинско лице. Станува збор за 28 годишна медицинска сестра од општата болница во Кичево која поради компликации од коронавирусот во текот на вчерашниот ден ја загубила битката, пишува Плусинфо.мк
Директорот на општата болницата во Кичево, д-р Станко Трпески за Плусинфо ја потврди информацијата и ни ја објасни ситуацијата околу починатата 28 годишна медицинска сестра, која не била вакцинирана, поради тоа што други здравствени причини.
– Во текот на минатата недела нашата колешка беше примена во болницата во инфективното одделение кај нас при што и беше укажана соодветна грижа. Таа се лекуваше во болнички услови од четвртокот до неделата, но поради влошената здравствена состојба беше транспортирана на Инфективната клиника во Скопје – ни изјави директорот на кичевската болница.