Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Почина чешкa фолк пејачка кој намерно се зарази со корона вирусот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
Screenshot-2022-01-19-094510

Пејачката на чешката фолк група „Асонанс“, Хана Хорка, почина од коронавирус на 57 години. Таа намерно се заразила со корона за да добие ковид потврда, соопштија од нејзиното семејство.

Син ѝ Јан Рек рече дека одбила да се вакцинира ѝ се изложила на вирусот. Јан и неговиот татко кои биле вакцинирани, исто така се заразиле од ковид пред Божиќ.

— реклама —

„Таа одлучи дека повеќе би сакала да го добие вирусот отколку да се вакцинира“, рече Рек кој ги обвини локалните анти-ваксери за смртта на неговата мајка и рече дека ја имаат нејзината крв на своите раце.

„Точно знам кој го оформил нејзиното мислење. Тажен сум што повеќе им веруваше на непознати луѓе отколку на семејството и на нејзините тези за стекнување природен имунитет преку изложеност на болеста“, рече Јан Рек.

— реклама —

Два дена пред смртта, таа напиша: „Преживеав. Беше живописно. Сега ќе има концерти, театри, сауни, патувања до морето“.

За потсетување, во Чешка, потребен е доказ за вакцинација или доказ за неодамна прележан Ковид-19 за присуство на социјални настани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања