Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Почина легендарниот Франко Барези, симболот на Милан и италијанскиот фудбал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Спорт
media-library4j1aqtn427ha7lGPOvi
screenshot youtube

Легендарниот италијански дефанзивец и почесен претседател на Милан, Франко Барези, почина на 66-годишна возраст.

Барези целата своја играчка кариера, од 1977 до 1997 година, ја мина во дресот на Милан, каде што настапи на 719 натпревари, постигна 33 гола и 15 сезони беше капитен на „росонерите“. Со клубот освои шест титули во Серија А, три европски шампионски титули, четири Суперкупа на Италија, два европски Суперкупа и два Интерконтинентални купа. Неговиот легендарен дрес со број 6 беше повлечен од употреба по неговото пензионирање.

— реклама —

За репрезентацијата на Италија одигра 81 натпревар. Беше дел од генерацијата што ја освои светската титула во 1982 година, а како капитен ја предводеше „азурите“ и во финалето на Светското првенство во 1994 година.

— реклама —

Во 2025 година Барези беше опериран поради јазол на белите дробови, а последен пат се појави во јавноста на отворањето на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина во февруари годинава.

— реклама —

По веста за неговата смрт, Милан објави емотивна порака, истакнувајќи дека неговиот пример, интегритет и љубов кон клубот засекогаш ќе останат дел од ДНК на „росонерите“. Почит му оддадоа и бројни поранешни соиграчи, ривали и клубови, меѓу кои Паоло Малдини, Џанлуиџи Буфон, Интер и италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања