„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Почина Мите Грозданов, бардот на македонското глумиште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Mite-Grozdanov

Вчера, 25 ноември, 2018 година, почина еден од бардовите на македонското глумиште, Мите Грозданов.

— реклама —

Тој е роден во Струмица, на 14 декември, 1943 година.

Мите Грозданов веднаш по дипломирањето на Театарската академија во Белград на отсекот за глума во 1967 год. се вработува во Драмскиот театар кој ќе остане негова матична сцена сѐ до пензионирањето во 2008 година.

— реклама —

Случајот сакаше така што токму нему му се посреќи на самиот почеток да се вивне во уметничките височини закитувајќи се со Златниот ловоров венец на престижниот сараевски фестивал МЕСС за насловната улога во Партитурата за еден Митрон. Помеѓу оваа претстава и „Историската хроника“, монодрама која тој ја одигра по повод официјалното заминување во пензија се врамени уште многу улоги, награди, монодрами, но и поетски збирки, приватниот театар Македонија, а на крајот секако не помалку значајно за неговата кариера и творечко кредо тука се подразбира и неговата боемштина која лично ја смета за составен дел на деликатната и тешка професија на актер.

Мозаикот на неговите ангажмани уште подразбира и стотици радиодрами, режии (во професионални и аматерски ансамбли), настапи на телевизиски драми и серии, како и неколку филмски улоги. Во сите овие форми на театарското изразување до израз доаѓа неговата нескротлива енергија, неисцрпна и фасцинантна концентрација, моќ за трансформација.

Грозданов има добиено бројни награди.

За монодрамата по стихови на Ацо Шопов, Дрво на ридот , тој станува добитник на Сребрената медалја на фестивалот на монодрама и пантомима во Земун. Од неговите награди да ги споменеме и оние на весникот односно ревијата Млад борец и Екран. Но, иако досега неколку пати е номиниран и предложен за наградите 13 Ноември и 11 Октомври, тој не успеа да се закити со нив.

„Да се пишува за некого значи да се оттргне еден живот, една индивидуа, еден неспорен факт на лицето на земјата од заборавот, од патината, од дното на заборавената меморија… Да се пишува за некого значи да се остави траг кој и по простосмртноста останува да сведочи дека некој, некогаш, за нешто, со нешто, живеел, творел, градел, надградувал, создал… Да се пишува за некого значи да се оддаде почит кон незаборавот на личноста која сама по себе му пркоси на мигот, имајќи ја за цел вечноста… Да се пишува за еден од најголемите , кој и буквално умеел со својата појава и моќ за творба да нè остави без здив, значи да се стави уште една точка, сјајна како ѕвезда во аналите на културното театарско (и не само такво) живеење“ напиша Борче Грозданов, театарски критичар и син на Мите Грозданов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања