Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Почина Наде Проева, историчарка, универитетска професорка, експертка по античка историја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-11-08-092121

На 6 ноември 2024 година почина Наде Проева, историчарка, универитетска професорка од Институтот по историја на Филозофскиот факултет при УКИМ, експертка по античка историја.

— реклама —

Нејзина особена професионална специјалност беа Историјата на стариот век, и Историјата на античките Македонци, предмети што до пензионирањето им ги предавала на студентите по историја. Професорката Проева важеше за бескомпромисно принципиелен научник, секогаш на страната на историската вистина и на историската правда. Нејзините студенти ја паметат како професорка која целосно одговора на описот „строг, но правичен учител“. Нејината книга „Историја на Аргеадите“ (2004) е прв учебник за историјата античките Македонци и прв напишан учебник за студентите на катедрата за Историја.

— реклама —

Наде Проева е родена на 9 септември 1949 година каде завршува средно образование – гимназија. Дипломирала на античка археологија во 1973 г. на Филозофскиот факултет во Белград со тема „Четири необјавени доцноантички некрополи од околината на Прилеп“.

— реклама —

На Филозофскиот факултет во Белград, во 1978 година ја брани магистерската тема: „Типологија на надгробните споменици во југословенскиот дел во римската провинција Македонија“, а во декември 1992 на групата за историја и докторската теза: „Влијание на доселениците на развојот на културните прилики во римската провинција Македонија“.

— реклама —

Од 1979 до 1981 била на специјализација во Париз, на Универзитетот Сорбона, каде што се здобила со диплома за продлабочени студии од областите епиграфика, нумизматика и религија.

Повеќе пати била на студиски престои во странство: Полска (1977), Француска археолошка школа во Грција (од 1992 речиси секоја година), Француски институт во Истанбул (1993), Австриска академија на науките (1998), Универзитети во Нанси и во Нантер-Paris X и др.

Учествувала на меѓународни научни собири во Франција, Канада, Србија Бугарија, Хрватска, Естонија, Русија, Романија, Италија, Полска држела предавања во Хрватска Словенија, Франција, Холандија. Исто така учествувала во ископувањата на антички и средновековни локалитети во Македонија, Србија, Полска и Грција; во проекти на Археолошки институт во Белград, на МАНУ, на САНУ и на Берлинската академинја на науките. Како визитинг – професор има одржано предавања на универзитетите во Франција (Нанси, Нантер-Paris X), како и низа јавни предавања за разни прашања за античките Македонци.

Професорката Наде Проева, до последните денови од својот живот беше ангажирана преку свои критички текстови и публикации за праведно решение, за како што велеше – „неправдите што современата политика ги нанесува на Македонија, Македонците и македонскиот национален идентитет“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања