Рано изутрината на 68-годишна возраст почина сопственикот на Радио 105 бомбардер Битола, Лазар Николовски – Лаки. Николовски почина во Клиничката болница од проблеми со срцето. Погребот на Николовски ќе биде утре на Светинеделските гробишта.
Лазар Николовски – Лаки е еден од пионерите на приватните радија не само во Битола, туку и во Македонија.
Лазар Николовски – Лаки, или Лазе 105 бомбардер, како што се нарекуваше, остави траен белег во радиодифузната дејност во Битола.